Бејл: Кога ќе загубиш во Реал Мадрид тоа е крај на светот

Најдобриот велшки фудбалер на сите времиња, Герет Бејл се повлече од фудбалот, но во текот на кариерата може да се каже дека освои речиси се што може да се освои.

Во интервју за БТ Спорт, Велшанецот зборуваше за својата авантура во Реал Мадрид.

„Кога ќе влезете во таа соблекувална, едноставно се чувствувате како победник. Очигледно е дека опкруженоста со големи играчи има влијание, но тоа е тешко да се објасни. Победата е менталитетот на тој клуб“, вели Бејл. 

Многумина отсекогаш се прашувале што се случува кога ќе се случи пораз, а Бејл се обиде да го објасни тоа.

„Во Мадрид, ако загубите, тоа е како крај на светот. Те распнуваат, ти си одиш дома потресен“, заврши Бејл.

Се вчитува...