Велс стигна до првиот триумф на Европското првенство откако во 2. коло од групата А славеше над Турција со 2-0.
Велшаните до водство од 1-0 стигнаа во 42. минута кога на асистенција на Герет Бејл, стрелаше Ерон Ремзи. Конечните 2-0 ги постави Конор Робертс во 95. минута. Од таборот на полуфиналистот од минатото ЕВРО, може да жалат што на крајот не стигнаа и до поубедлив триумф, бидејќи Герет Бејл промаши пенал во 61. минута.
Голот на Ерон Ремзи можете да го погледнете на следниот линк.
Промашениот пенал на Герет Бејл можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА