Селекторот на велшката репрезентација, Крег Белами, денеска го објави списокот од 26 фудбалери кои се во комбинација за настап на првите две квалификациски средби за СП 2026, домашниот дуел со Казахстан на 22 март и гостувањето во Скопје против Македонија закажано за 25 март.
Најзвучното име во велшкиот табор, Арон Рамзи, поради повреда отпадна од комбинација за овој двомеч на велшката репрезентација, а голем плус за селекторот Белами е камбекот по повредата на крилниот офанзивец Даниел Џејмс, поранешниот играч на Манчестер јунајтед кој сега игра за Лидс и неодамна беше избран за фудбалер на месецот во Чемпионшип-дивизијата.
Оли Купер е враќа во тимот откако не настапи во ноември поради повреда, своето деби во националниот тим се очекува да го има Каи Ендрјус, а покрај Рамзи, селекторот Белами не може да смета ниту на Хари Вилсон, Ампаду, Вес Брнс и на Рис Норингтон – Дејвис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА