БЕЛГИЈА – На крилјата на Лукаку и Азар „ѓаволите“ фаворити број еден за европска титула!

Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Франс фудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија)…, ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020.

На ЕВРО 2020 денеска стартуваат и натпреварот од Групата Б каде најголем фаворит за првото место е Белгија.

За ЕКИПА пишува Криштоф Тереу од „ХЛН“

Твитер профил: @HLNinEngeland

Десет победи на десет натпревари, 40 постигнати голови, три примени. Мора да се каже дека квалификациите за Европското првенство поминаа лесно за Белгија која беше во група со Русија и Шкотска како главни противници. Тактиката на тимот не е многу променета во последните неколку години па лесно може да се предвиди поставата на Белгија кога сите се здрави. Во тим од 26 играчи, ретко кога има некој нов.
Белгија ќе игра во претпознатливиот систем 3-4-3 како и во последните пет години под водство на Роберто Мартинез со еден дефанзивно ориентиран крилен играч и еден играч офанзивно ориентиран играч од средниот ред кој ќе ја има својата улога на левата страна.

Главната тема на разговор во последните неколку месеци е формата на Еден Азар во Реал Мадрид кој се мачи со повреди и нема настап за Белгија од ноември 2019 година.

„Верувам дека ќе го видиме најдоброто од Азар на Европското првенство“, вели Мартинез.

„Еден отсекогаш го давал најдоброто за нас и игра игра важна улога – никогаш не не разочарува. Можев да видам еден „гладен“ Еден во претходните неколку месеци. Тој повторно се смее. Не играше премногу, но тоа може да биде и предност. Ќе се приклучи на тимот како нов млад играч“.

За централниот среден ред Мартинез ќе мора да донесе клучни одлуки. Аксел Витсел се уште се опоравува од повреда на ахиловата пета од јануари. Не се знае дали ќе биде подготвен до последниот рок, но Белгија ќе чека до последниот момент за да го промени со друг играч доколку мора.

„Не можам да гарантирам дека ќе бидам подготвен да играм шест или седум натпревар на Европското. Но, се борам како вистински борец за да бидат фит навреме“, рече Витсел.

Витсел е многу важен играч со составот на Мартинез. Уникатен играч кој дава баланс на тимот и има клучни улога во поставата која ја штити старата одбрана – Тоби Алдерварелд (32 годишен), Јан Вертонген (34) и Томас Вермален (35), сите овие играчи се на залез на своите кариери и не се најподвижното три повеќе.

Доколку не се опорави навреме, Леандер Дендокнер или Тиелеманс ќе го превземат неговото место во почетната постава. Дендонкер не е толку сигурен во додавањата како Витсел, но играчот на Вулверхемптон дава други квалитети. Кевин де Брујн и Тиелеманс се слични, двајцата сакаат да даваат ризични додавања и да го диктираат темпото, но Тиелеманс вели дека може да играат заедно. „Ќе зависи од задачата која тренеот ќе ни ја даде“.

СЕЛЕКТОР

Пет години на клупата на Белгија не беше почетниот план, но Мартинез ужива во животот во Ватерло со неговото семејтво, блиску до бојното поле каде Наполеон бил поразен.Тој ја доби улогата на тенички директор на федерацијата и продолжи да работи на долги стази. Притоа ги поттикнува неговите играчи да започнат со тренерски обуки, а многумина од нив веќе го следат курсот. Тој се уште размислува позитивно. „Во моите очи Белгија може да биде помалку скромна. Речиси е срамота доколку кажете дека сте добри и дека сакате да направите се за да победите“.

ИКОНА

Со оглед на тоа што сме мала држава, немаме некој специфична икона, но доколку постоеше тоа би било Еден Азар. Во еден момент тој беше играчот кој беше најискористен маркетиншки со неговиот „икс-фактор“, но многу од рекламните договори се за целокупниот репрезентативен тим на Белгија. Како тим кој со години е прв на ранг листата на ФИФА, тоа ги прави посилен бренд отколку еден поединец. Белгиската федерација има повеќе договори со спонзори кои можат да ги користат нашите репрезентативни играчи. Нивните ликови се наоѓаат на чоколада, пиво и газирани сокови. Најголемата фабрика за пиво ќе произведува специјално црвено пиво за Европското првенство, а и ланец на хамбургери ќе има посебни Red Devil бургери.

ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (3-4-2-1): Куртоа – Алдерварелд, Вертонген, Вермален – Муние, Дендонкер, Де Брујне, Торган Азар; Мертенс, Еден Азар; Лукаку

БЛАГОДАРЕН ЗА ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020

Џереми Доку дебитираше за Белгија во семптември претходната година и веднаш потоа премина во редовите на Рен. Со оглед на тоа што одигра само 28 натпревари за Андерлехт и го немаше потребното искуство за континенталниот собир, тој најверојатно немаше да влезе во тимот. Сега тој ќе биде „џокер“ со брзината и дриблингот. Тој имаше добра сезона во Рен, а доби и искуство во Лигата на шампионите.

ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ

‘Freed from Desire’ беше нашата песна од Светското првенство во 2018 година. Оваа песна се пушта на „Кинг Бодуин Стадионот“ кога Белгија ќе постигне гол. Италијанскиот пејач ја отпеа оваа песна откако Белгија се пласираше на Европското превенство. Еден Азар, кој ја обожава оваа песна застана на подиумот и на пејачката и поклони маица.

Дргуа песна која често ја користат навивачите е ‘Waar is da feesje’ (Каде е забавата?). Неа ја започна наставник кој мотивирајќи ги неговите студенти извика ‘Waar is da feesje?’, а тие возвратија ‘Hier is da feesje’ (Тука е забавата). Подоцна истото беше извикано и на стадионот на КВ Мехелен, клуб од Првата лига.

ШТО ВЕЛАТ НАВИВАЧИТЕ

#Deviltime е официјалниот хаштаг на кампањата и истото е испринтано со големи букви на Големата палата на главниот плоштад во Брисел. Нема да биде лесно да не го запомнете хаштагот со тоа што ќе има и Devil Time вебкасти.

‘Tous ensemble’ – Сите заедно сега!

ПАНДЕМИСКИ ХЕРОЈ

Тоби Алдервирелд донираше компјутери и таблети на болници со цел старите и болните лица да останат во контакт со своите фамилии.

Се вчитува...