Спринтерките со кои Усаин Болт го истрча светскиот рекорд на 100 метри (9.58 сек.) на Светското првенство во Берлин во 2009 година ќе бидат продадени на аукција, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Болт ги донира спинтерките на фондацијата „Иса Траст“ која собира средства за опрема и медицински потреби на педијатриските оделенија во повеќе болници на Јамајка.
„Усеин сам предложи да му помогне на бордот на Фондацијата и ни ги донира спринтерките во кои постигна светски рекорд“, објасни Лејди Ален од Фондацијата „Иса Траст“.
Хуманитарната аукција на која ќе се продаваат спринтерките на светскиот рекордер ќе се одржи на 24 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА