„Бомба“ од Франција: Дешамп оди во Манчестер Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед ја започна потрагата по наследник на Мајкл Карик, а според францускиот портал „футмеркато“, еден од кандидатите е Дидие Дешамп.

Раководството на клубот од Олд Трафорд наводно веќе го контактирало поранешниот селектор на Франција, кој моментално е без ангажман.

Дешамп не ја исклучува можноста за враќање во клупскиот фудбал, но според достапните информации, не брза да избере нова средина. Наводно е подготвен да почека до следното лето пред да донесе одлука за продолжување на кариерата.

Покрај него, во конкуренција е и Јулијан Нагелсман, кој исто така е слободен. Се споменува и Унаи Емери, но малку е веројатно дека ќе ја добие работата. Астон Вила реагираше и му понуди нов договор, и покрај тоа што тој важи до 2029 година.

Раководството на англискиот гигант сака да најде решение за клупата, додека резултатите и атмосферата во тимот дополнително го зголемуваат притисокот врз Карик.

Доколку Дешамп ја прифати понудата, ќе се соочи со голем предизвик во клубот кој со години безуспешно се обидува да се врати на врвот на англискиот фудбал.

Се вчитува...