Шпанија се збогува од трагично-загинатиот Мигел: На погребот и личност која малку кој ја очекуваше! (ФОТО)

Шпанија се збогува со Хесус де Мигел, фудбалерот кој почина на 30-годишна возраст по трагичен настан во натпревар од втората лига.

Стотина луѓе се собраа во Наваермоса, недалеку од Мадрид, за да му оддадат последна почит, а неговото збогување беше обележано со исклучително емотивни сцени.

Меѓу присутните беа многу познати имиња на шпанскиот фудбал. На последното испраќање присуствувааи личности кои малку кој ги очекуваше, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, претставници на Атлетико Мадрид и Шпанската фудбалска федерација.

Заедно со семејството и пријателите, присуствуваа и претставници на клубовите за кои настапуваше Де Мигел. Неговите соиграчи од Тенерифе, како и членови на неговиот поранешен клуб Кастелона, дојдоа да му оддадат почит на починатиот фудбалер.

Комеморативна миса се одржа во црквата Сан Мигел Архангел во Наваермоса. Поради големиот број луѓе кои сакаа да присуствуваат на последното збогување, многумина мораа да чекаат пред црквата.

Особено емотивен момент беше кога ковчегот на нивниот соиграч го носеа фудбалерите на Тенерифе.

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се обрати на семејството на починатиот фудбалер и објасни зошто дошле.

„Сакавме да бидеме со семејството на Хесус за да ја изразиме нашата тага, солидарност и почит“, изјави Де ла Фуенте за шпанскиот весник АС.

Де Мигел почина во вторник откако се судри со голманот Хесус Овоно за време на натпреварот против Андора.

Во судиското продолжение имаше контакт, по што фудбалерот остана неподвижен на теренот. Медицинскиот персонал веднаш реагираше, а според првите информации, Де Мигел доживеал срцев удар по што следеле обиди да го реанимираат за време на транспортот до болницата. Неговата состојба дополнително се влоши во текот на ноќта.

Во вторник наутро пристигна најтажната вест. Де Мигел почина во осум часот во Универзитетската болница Нуестра Сењора де Канделарија.

Се вчитува...