Во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ гостин е едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал во историјата, Драган Канатларовски.
Со поранешниот македонски селектор, меѓу бројните теми, разговор и за моментите кога тој пристигна во Вардар во 1985 година, тогаш играјќи заедно со веќе докажаните фудбалери во најсилната лига на Југославија.
„Во поранешна Југославија до 28, до 29 години никој не можеше да реализира трансфер надвор одземјата. Па, ете сето тоа мене ми овозможуваше во Вардар да играм и со Васе Рингов, со Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски…, од онаа постара генерација. Нивното лидерство, нивната позитивна енергија кон нас помладите ни даваше енергија, ни даваше сила. Ние неколку играчи кои доаѓавме од Пелистер, како Пепи Георгиевски, Томче Трајановски, Благоја Китановски, јас и многу други, нас ни беше задоволство кога ќе одевме на стадион и кога ќе дојдеа овие постарите играчи па ги чекавме да им донесеме вода, нешто ако им треба…. Па, ќе шутнеа топка, а ние трчавме без да ни каже некој, да ја вратиме“ – вели Канатларовски, и дополнува:
„А сега младите треба опомени да им даваш кога самиот ќе шутне топка дека, тоа е негов ‘алат’ за работа без кој не можее, и дека сам треба да си ја врати топката… Такви нешта не постоеја тогаш“.
==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
