Тажна вест го погоди светот на Формула 1. Австралискиот возач и поранешен шампион Алан Џонс почина на 80-годишна возраст.
Џонс ја освои светската титула во 1980 година, возејќи болид на Вилијамс. Тој стана вториот Австралиец, по Џек Брабам, кој го постигнал тоа, а воедно беше и првиот возач на Вилијамс што станал шампион.
„Со голема тага ја известуваме јавноста дека нашиот сакан Алан почина. Многу ќе ни недостига, а сите што го познаваа, како и бројните обожаватели, ќе се сеќаваат на него со љубов“, изјави неговата сопруга Аманда.
Во текот на својата кариера, тој оствари 12 победи и 24 пати се искачи на подиумот, возејќи за тимовите Хескет, Хил, Сартис, Шадоу, Вилијамс, Ароус и Хас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
