БОМБА ОД НБА: Лилард е нов кошаркар на Милвоки Бакс

Еден од најдобрите бек шутери во НБА лигата Демијан Лилард кариерата ќе ја продолжи во франшизата на Милвоки Бакс.

Кошаркарот кој одбележа една ера во Портланд Трејлблејзерс, во Висконзин ќе замине во размена на кошаркари меѓу три тима во кои покрај Портланд и Милвоки ќе учествува и Феникс Санс. Во Орегон ќе заминат Деандре Ејтон, Џру Холидеј, Тумани Камара како и два пика од драфтот.

Во Аризона пак ќе оди репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, како и Грејсон Ален, Насир Литон и Кеон Џонсон.

Се вчитува...