Леонардо Бонучи беше еден од клучните играчи на Италија во текот на целото Европско првенство, а тој синоќа на финалниот натпревар против Англија успеа и да биде стрелец за својот тим, донесувајќи реми за „Азурите“, гол што се покажа и доволен за спас од пораз, но и за обезбедување на историска победа за шампиони на Европа преку изведување на пенали.
Радоста во Италија допрва ќе го достигне својот ек, откако фудбалерите на Роберто Манчини ќе ја порослават големата победа во својата земја.
Бонучи беше еден од главните забавувачи синоќа, па тој приреди шоу среде прес-конференција. Иако Кристијано Роналдо во текот на ЕП ја тргаше кока-колата од масата, а Пол Погба – хајникенот, Леонардо Бонучи одлучи победата на Италија да ја прослави со пиење на пиво, па направи „здравица“ и со кока-колата.
Winning #EURO2020 is thirsty work 🤤
Leonardo Bonucci spends the first minute of his press conference necking beer and cola 😂pic.twitter.com/AKuYFpCJQ6
— Sun Sport (@SunSport) July 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА