Браун открива: Пиевме ракија со Јокиќ, следниот ден едвај станав од кревет

Освојувањето на историската, прва шампионската титула на Денвер Нагетс беше бурно прославена од целиот тим во Лас Вегас. На социјалните мрежи можеа да се видат интересни видеа и фотографии од самата прослава, но и од мамурните кошакари следниот ден.

За бурната прослава сега говорше и доскорешниот кошаркар на Денвер, Брус Браун кој на подкаст откри интересна анегдота поврзана со Никола Јокиќ.

„Пиевме ракија. Мене целта ми беше да го напијам него, но заборавив колку е поголем и дека не можам да се натпреварувам со него. Во еден момент бев готов. Тој е посебен и во тоа. Едвај станав следниот ден во 11:50, а авионот ни беше во осум часот наутро“, открива Браун.

Се вчитува...