Фудбалската репрезентација на Бразил е првиот финалист на Копа Америка, откако во мегадуелот на „Минеирао“ во Бело Хоризонте ја победи селекцијата на Аргентина со 2-0. Габриел Хесус и Роберто Фирмино беа клучните играли во тимот на Тите, а Лионел Меси уште еднаш потклекна на репрезентативен план на големите натпреварувања.
„Кариоките“ дојдоа во водство во 19.минута. Фирмино сервираше шанса за Габриел Хесус, а тој ја затресе мрежата на Аргентинците. Серхио Агуеро ја погоди стативата, но „гауичосите“ не успеаја да стигнат до израмнување. Во вториот дел и Меси немаше среќа и ја погоди рамката од голот, а Роберто Фирмино по одличната акција на Габриел Хесус во 71.минута зголеми на 2-0. Аргентина беше нокаутирана и немаше сили да се врати во мечот.
Бразил во финалето ќе го очекува подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Чиле и Перу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА