Бускетс и Алба му се приклучуваат на Меси во Интер Мајами

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси потврди дека следната сезона ќе игра клубот од МЛС лигата Интер Мајами,

На Аргентинецот наскоро на Флорида би можеле да му се придружат двајца негови клупски другари од неговите денови во Барселона.

Според Фабрицио Романо, Серхио Бускетс ги финализира последните детали од договорот со тимот предводен од Дејвид Бекам. Бускетс има две понуди и од Саудиска Арабија, но е најблиску до одлука да му се придружи на Меси.

Покрај него, во преговори со Интер е и Жорди Алби. Одличниот лев бек, познат по одличното партнерство со Меси на теренот исто би можел да заврши во Мајами.

Се вчитува...