Мбапе се подготвува за преселбата во Мадрид: За 18 милиони евра ја купи куќата на Серхио Рамос!

Килијан Мбапе веќе на големо се подготвува за преселбата во Мадрид ова лето.

Добро е познато дека Мбапе од јуни ја продолжува својата кариера во Реал Мадрид, па веќе се подготвува за живот во шпанската престолнина.

Францускиот репрезентативец постигна договор со Серхио Рамос за купување на неговата куќа, Ла Моралеха, во Мадрид која е вредна 18 милиони евра. Замокот беше главната резиденција на Рамос за време на неговата играчка кариера во Реал Мадрид, а сега ќе биде во сопственост на Мбапе.

Се вчитува...