„Комити“ го заживеаја Запад – и покажаа дека време е Вардар да се врати дома како домаќин, а не како гостин! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар по три години се врати во својот дом. „Комитите“ повторно ја заживеаја, главно изминативе години „умртвена“, легендарната своја Западна трибина, потврдувајќи дека и тоа како на најтрофејниот македонски клуб единствено му доликува неговата арена.

Вардар денеска како гостин се врати во својот дом на натпреварот од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига против Работнички, само поради тоа што во пролетниот дел од сезоната неговиот сосед игра на арената „Тодор Проески“.

„Комитите“ создадоа извонреден амбиент кој сигурно потсетува на некогаш елитните прволигашки денови, но Вардар останува според најавите како домаќин до крајот на сезоната да игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Очигледно и јасно е дека резултатскиот императив, жестоката борба со единствена цел сезонава да се остане во Првата лига, и конструкцијата на тимот таква каква што е сезонава, едноставно налагаат „математичка“ одлука каде ќе се игра во битката за секој неопходен бод. Но, сигурно е јасно, и по ова се денеска, дека Вардар би било убаво, од следната сезона, без разлика како ќе живее клубот и како ќе изгледа тимот, дома да си се врати како домаќин – а не како гостин! Можеби и заради тоа што, сепак, е Вардар!

 

Се вчитува...