Челси се соочува со нова лоша сезона во која поради преголемиот број на повреди тимот од „Стемофрд Бриџ“ не е во конкуренција за висок пласман, а и до последниот ден ќе се бори за место во Конференциската лига или Лига Европа.
Очекувањата се дека по лошата сезона следат нови драстични промени во ростерот на шесткратниот освојувач на Премиерлигата, а ретко кој во клубот има сигурно место. Не е сигурна ниту голманската позиција на кој Маурисио Покетино може да смета на четири голмани – Џорџе Петровиќ, Роберто Санчез, Маркус Бетинели и Кепа Аризабалага, а на клубот на радарот го има Јан Облак, пренесуваат англиските медиуми.
Словенечкиот голман на Атлетико Мадрид и во минатото се поврзуваше со трансфер во Челси, но истиот никогаш не се реализираше. Сега ситуацијата е променета, Атлетико Мадрид ќе продава престојното лето со цел собирање на средства за нови трансфери, а Облак е еден од оние кои може да се најде на излезните врати со оглед на годините и маркет цената која паѓа од година во година.
Според популарниот „Трансфермаркт“ 31-годишниот Словенец вреди 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА