Борусија го елиминираше, па веднаш почна и да го „хејта“ ПСЖ

Тимот на Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампионите оваа сезона, откако го елиминираше тимот на ПСЖ со 2-0 вкупен резултат, побхеди по 1-0 во двете средби.

„Милионерите“ веднаш се пошегуваа на сметка на тимот од Париз, после онаа елиминација во 1/8 финалето во ЛШ во 2021 година. Тогаш „светците“ после првиот меч имаа негатива од 2-1, но во реваншот славеа со 2-0, и така се пласираа во следната фаза.

Тогаш фудбалерите на ПСЖ го емитираа тогашниот играч на Борусија, Ерлинг Халанд кој славеше како да вежба „јога“ после двата гола во Дортмунд, по што следуваше одговор од тимот на ПСЖ.

Сега Борусија Дортмунд ја објави таа слика со наслов „вкусно како добро вино“.

Се вчитува...