Чероне заврши во болница…, Конор ја тешеше неговата баба по што испрати силна порака (ВИДЕО)

Конор МекГрегор имаше спектакуларно враќање на УФЦ борбите нокаутирајќи го Доналд Чероне по само 40 секунди.

По нокаутот Чероне заврши во болница, поради што не беше присутен на прес-конференцијата, а МекГрегор не беше многу расположен за разговор. Ја прегрна бабата на својот синоќешен противник, испрати неколку утешителни зборови за неа и истакна:

„Јас сум прв борец во УФЦ историјата со победа во перолесна, лесно и велтер категорија. Горд сум и среќен. Се чувствувам добро во велтер“ – рече Мекрегор, а на прашање што е следно на ред дополни:

„Секој од овие будали може да го добие ова истото…“

 

Се вчитува...