Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија),„Спорт-Експрес“ (Русија), „ФрансФудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија), „Телеспорт“ (Хрватска), „Стандард“ (Австрија), ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020.
Својот прв натпревар на овој шампионат денеска ќе го игра селекцијата на Чешка, која за ривал во 15 часот ќе ја има Шкотска.
За ЕКИПА пишува: Jan Podrouzek од iSport (https://isport.blesk.cz/)
Твитер профил: @JanPodrouzek
Секогаш знаете каков ривал имате кога ќе се сретнете против тимот на Јарослав Шилхави, но тоа не значи дека е лесно да играте против нив. 59-годишниот чешки тренер е на чело на тимот од 2018 година и исто како и со клубовите кои ги има предводено, така и со репрезентацијата создаде еден вреден тим кој игра со висок пресинг и добра одбрана.
Тој преферира тимот да игра со брзи додавања, отколку со сложена игра со цел тимот да завршува со шут на голот по само неколку додавања. Брзината е битна за Шилхави во нападот. Тоа е тим кој игра со нафрлувања и тоа не чудно со играчи како Томас Соучек, Алекс Крал, Патрик Шик, Миахел Крменчик, Зденек Ондрашек и Антонин Барк кои се сите доби во воздушните дуели.
„Тоа е модерен тим. Убаво е кога ги гледате како играат фудбал“, изјави Роберто Мартинез, тренерот на Белгија по ремито од 1-1. „Тоа е силен тим со многу сила и енергија“, додаде Мартинез.
Чесите ја имаа втората најдобра одбрана во нивната квалификациска група, опоравувајќи се од поразот од 5-0 против Англија во првиот натпревар, за во преостанатите пет натпревари да примат само шест гола.
Проблемот е во постигнување на голови. Постигнаа само 13 погодоци во осум натпревари и понекогаш личи дека ѕвездата на тимот, Шик, кој постигна 19 гола во претходните две сезони во Баер Леверкузен и Лајпциг, е премногу изолиран. Тој е брз играч со добро движење и добра техника, но со овој тим кој се базира на контранапад, шансите можат да бидат ретки и многу време да помине помеѓу нив. На последниот дуел од квалификациите за Светското првентво против Велс тој некарактеристично го загуби трпението и со лакотот го удри Конор Робертс за што доби црвен картон. Чесите загубија со 1-0.
Шилхави сака да игра со формација 4-1-4-1 или 4-2-3-1 со Соучек како дефанзивен играч од средниот ред, често сам, но некогаш и со друг играч крај севе. Владимир Дарида, 30-годишниот играч од средниот ред на Херта Берлин сеуште е главниот играч во средината и клучен играч во креирање на нападот.
СЕЛЕКТОРОТ
Беше познат како „пргав“ дефанзивец како играч и се уште го држи рекордот за најмногу црвени картони во чешкото првенство. Кај него владее и „не се закачај со мене“ чувство како тренер и е многу успешен стратег без разлика во кој клуб ќе го предводи. Тој ја започна неговата тренерска кареира како помошник во Викториа Жижков, а потоа и Спарта Прага. Откако не задоволи како главен тренер во Викториа Плзењ, го освои чешкото првенство прво со Слован Либерец, а потоа и со Славија.
По конфликтот со директорот на Славија, Мартин Кроб, тренерот донесе одлука да го напушти клубот, трасирајќи го патот да стане селектор на националниот тим во 2018 година.
ИКОНА
Алекс Крал е многу талентиран играч, со сета почит кон Томас Соучек кој игра во истата позиција на теренот, но Крал повеќе го интересира претставувањето во јавноста отколку играчот на Вест Хем (што не е тешко). Играчот кој личи на Давид Луиз има добар однос со новинарите, а тоа помага, и личи на добар и пријателски настроено момче воспитано во добро семејство. Тој е активен на социјалните медиуми, а тоа го сакаат и навивачите.
„Клучот на фудбалот е во главата на играчот“, вели тој. „Како играчот се однесува надвор од теренот. Дали управува, или бега од проблемите“.
БЛАГОДАРЕН ЗА ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020
Премногу работи се променија за Томас Холс во една година. Вратете се назад 12 месеци и ќе го видите како резерва во Славија за Владимир Цуфал кој не добива голема минутажа. Интересно, кога Цуфал премина во Вест Хем тој не беше поставен како одбранбен играч, туку се избори за место како дефанзивен играч за врска и по одличната сезона е опција за Шилхави во таа позиција во тимот.
ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (4-1-4)-1:
Валчик, Цуфал, Челустка, Калас, Борил, Соучек, Масопуст, Крал, Дарида, Јанкто, Шик.
ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ:
Федерацијата со соработка со Tri sestry (Три сестри) направи песна за шампионатот со наслов „Ukazeme kuraz“ (Покажете храброст), но оваа песна не помина добро кај навивачите бидејќи имаше стереотип за како мажите гледаат фудбал и пијат пиво, а жените чистат. Па, чешките навивачи како и многупати претходно се вратија на At’ zije fotbal! – Да живее фудбалот! Песна на дуото Јарсолав Ухлир и Крел Сип со колаборација со Амфора, група на познати актери, пејачи и играчи.
ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ:
“Kdo neskace, není Cech. Hop, hop, hop!” – И кој не скока – тој не е Чех, скок скок скок!
“Cesi, do toho!” – Напред, Чеси!
Втората е класика. Првата се користи многу долго, кога навивачите скокаат на улица или стадионите
ПАНДЕМИСКИ ХЕРОЈ
Михал Садилек донираше значителна сума – околку 20 илјади фунти на болница во неговиот роден град Уерске Храдишта, а помогна и на градот Уницов кој беше затворен поради пандемијата. Фактот дека Садилек помогна кога беше потебно не беше изненадување за луѓето кои го познаваат. Тој отсекогаш бил човек на место кој ја согледа големата перспектива и научи многу по заминувањето во Холандија кога се приклучи на академијата на ПСВ на 16-годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА