Четирикратниот шампион Крис Фрум нема да вози на Тур де Франс

Раководството на британската велосипедска екипа, Инеос одлучи на годинашниот Тур де Франс да не го повика четирикратниот шампион, Британецот Крис Фрум. Крум кој се врати по тешката повреда и победникот од 2018 Џерент Томас ги изненадувачки ги изгубија местата во тимот, па својата шанса ќе мора да ја бараат на преостанатите два гран-тура. Томас ќе настапи на Џиро кој почнува на 3. октомври, а Фрум ќе биде прв возач на Инеос на Вуелта која стартува на 20. октомври.

„Еган повторно ќе се бори за жолтата маица на Тур де Франс. Џерент ќе напаѓа триумф на Џиро Д’Италија, додека Фрум ќе биде наш прв возач на Вуелта“, стои во соопштението од Инеос. 

Лидер на екипата на Тур де Франс ќе биде минатогодишниот победник, Колумбиецот Еган Бернал.

Се вчитува...