Траорна беше атмосферата на стадионот „Паркен“ кога финските репрезентативци се повлекоа во соблекувалната заедно со судиите, а данските играчи со „жив ѕид“ додека нивниот репрезентативен колега беше спроведуван кон амбулантното возило.
Сепак, добрите вести стигнуваат и меѓу фановите на стадионот, кои се уште се на трибините во очекување на официјална одлука на УЕФА.
Финците и Данците заедно навиваат, гостите од трибината зад едниот гол извикуваат Кристијан… за домашните фанови да возвратат со Ериксен… Прекрасен знак на поддршка, со надеж дека оваа страшна приказна на крајот сепак ќе има среќен крај.
🇫🇮 Finland fans: “Christian”
🇩🇰 Denmark fans: “Eriksen”Fans still inside the stadium are chanting @ChrisEriksen8’s name together. 🙏
pic.twitter.com/djUgg4pS1Q— talkSPORT (@talkSPORT) June 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА