Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ по крајот на Европското првенство го напушта кормилото на репрезентацијата.
Хрватска е далеку од игрите на последното Светско првенство, со можност да го напушти натпреварувањето уште по првата фаза. По вчерашното реми со Чешка, Далиќ се најде на удар на хрватската јавност посочен како главен виновник за неуспешните резултати.
Според најавите од хрватските медиуми Далиќ по ЕП 2020 сигурно ја напушта репрезентацијата. А како негова следна фудбалска активност се спомнува кормилото на турскиот гигант Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА