Дана Вајт го најави најголемото шоу во историјата на УФЦ

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт истакна дека Конор Мекгрегор следниот викенд мора да го победи Американецот, Доналд Сероун доколку сака реванш со актуелниот шампион, Хабиб Нурмагомедов.

„Не е тајна дека Конор сака реванш со Хабиб. Ако победи викендов, ќе ја добие таа шанса“, изјави Вајт. 

Триесетгодишниот Нурмагомедов има 28 победи во исто толку борби, додека неговиот врсник од Ирска во 25 борби има 21 победа.

 

Се вчитува...