Фудбалските клубови ширум светот се подготвуваат за новата сезона освежувајќи го тимот со нови фудбалери. Неколку ѕвезди веќе ја променија средината. Антоан Гризман во Барселона е највазвучното засилување, а пред потпис со Јувентус е еден од најдобрите млади фудбалери Матајс де Лихт. Шпанска „Марка“ направи тим од 11 фудбалери кои се слободни агенти.
Како најзвучно име е Дани Алвеш, кој е најтрофеен фудбалер на денешницата, а според првичните информации е најблиску до враќање во Барселона.
Тука е и контроверзниот Марио Балотели за кого се шпекулира дека ќе се врати во Италија. Дел од тимот се и голманот Адриан, Филипе Луис, Томас Вермален, Гери Кејхил, Даниеле Де Роси, Јохан Кабај, Клаудио Маркизио, Франк Рибери и Хатем Бен Арфа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА