Данскиот селектор Каспер Хјулманд не можеше да ги сокрие солзите при изјавата што ја даваше по дуелот со Финска, убедливо најемотивниот меч што овој стратег го има водено во кариерата.
На крајот, најважно е што Кристијан Ериксен ја доби животната битка, без оглед на фактот што Данска претрпе неочекуван пораз од аутсајдерот во групата.
„Ова беше многу тешка ноќ а сите нас. Се потсетивме дека животот е она најважното за сите нас. Без оглед колку го сакаме фудбалот, животот е поважен од се останато. Се потсетивме колку се важни луѓето околу нас, пријателите и семејството“, изјави Хјулманд.
Изненадувачка беше одлуката да се продолжи со натпреварот нецели два часа по траорните сцени, но данскиот селектор смета дека бил донесен вистинскиот избор.
„Реалноста е дека имавме избор, да доиграме денеска или утре точно на пладне. Како може да играме утре, знам дека фудбалерите нема да можат око да склопат по она што се случуваше и утре ќе бидат уште помалку подготвени. Јас сум бескрајно горд на сите нив, што успеаја да излезат на терен и да го одиграат второто полувреме по сето она што се случи“, прокоментира Хјулманд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА