Позитивни вести доаѓаат од Копенхаген откако и Данската Фудбалска Федерација се јави со соопштение со кое обелодени дека состојбата на Кристијан Ериксен е стабилна.
Асот на Интер колабираше на терен пред полувремето на натпреварот со Финска, лекарите петнаесетина минути се бореа за неговиот живот, а иако за момент се стравуваше од најлошото, се чини дека најдобриот дански фудбалер ќе излезе како победник од најважната битка.
„Кристијан Ериксен е БУДЕН и врз него се вршат дополнителни испитувања во болницата Ригсхоспиталет“, објави Данската Фудбалска Федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА