Давид Кубацки ја освои турнејата Четири скокалници

Давид Кубацки е победник на годинашното издание на традиционалната новогодишна турнеја Четири скокалници. Тој триумфираше на денешното последно, четврто натпреварување во австрискиот Бишофсхофен прескокнувајќи должини од 143 метри во првата и од 140,5 во втората серија.

Тој беше водечки во генералниот поредок во пресрет на завршното натпреварување со оглед дека беше на подиум на сите три претходни скокалници. Го освои третото место во Оберсдорф и во Гармиш-Партенкирхен, а беше второпласиран во Инсбрук.Кубацки е третиот Полјак по Адам Млиш во 2001 година и по Камил Штох во 2017 и во 2018 година што триумфирај на турнејата.

Младиот Норвежанец Мариус Линдвик кој првата победа во кариерата ја запиша во Гармиш, а потоа славеше и во Инсбрук заврши на втората позиција во вкупниот пласман, а третото место му припадна на германскиот скокач Карл Гајгер.

Ланскиот победник и освојувач на Светскиот куп, Јапонецот Рјоју Кобајаши е вкупно четвртопласиран. Кобајаши го задржа водството во поредокот за Светскиот куп. На денешното натпреварување во Бишофсховен покрај Кубацки на подиумот беа и Гајгер на вторто и Линдвик на третото место.

 

 

Се вчитува...