Белгија има фантастичен играчки состав, но „црвените ѓаволи“ останаа без битка за трофеј на уште едно големо натпреварување откако синоќа беа елиминирани од Италија во четвртфиналето од ЕВРО 2020. Сомнителниот пенал ги врати во игра Белгијците пред крајот на првото полувреме, но во вториот дел ги напушти среќата, кога неколку пати беа блиску до израмнувачки погодок, но не успеаја да го матираат Донарума.
Кевин де Бруине и повреден стисна заби и настапи во четвртфиналето, но асот на Манчестер Сити не успеа да ги предводи соиграчите до нова победа.
„Направивме се што можевме да победиме, штета што не успеавме. Тие почнаа одлично, вториот гол им беше фантастичен, иако при првиот сигурно можевме да изреагираме подобро. Тие го имаа поседот на топката, но во второто полувреме создадовме убави шанси. Топката не сакаше да влезе во мрежата. Секогаш е разочарувачки кога ќе бидеш елиминиран од едно големо натпреварување“, изјави Де Бруине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА