Македонската традиционална карате федерација на пригодна свеченост во Универзитетот Скопје, денеска ги прогласи најдобрите каратисти и карате работници за 2024 година.
Во сениорска конкуренција првото место го поделија браќата Дејан и Аљоша Недеви, исто како и кај сениорките првото место го поделија Берта Милевска и Јадранка Недева. Дамјан Донев беше прогласен за најдобар младинец, а Матеј Мангаровски за најдобар кадет.
Во категорија деца најдобри беа: Камелија Недев, Ива Спсеновска, Дамјан Трајковски, Филип Недев, Милан Трајковски и Тадеј Недев.
Награда за животно дело доби основачот на Македонската традиционална карате федерација и еден од најистакнати домашни спортски работници, др. Венцислав Недев.
За посебен придонес во развојот на традиционалното карате и МТКФ беа одликувани и ректорот на Универзитет Скопје, проф. др. Аце Миленковски, Министерот за спорт, Борко Ристовски, како и Љупчо Миленковски и спортските новинари Владимир Булатовиќ и Зоран Стерјовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА