Иако беше најавено дека Кевин Де Брујне скоро сигурно нема да игра во четвртфиналето на ЕП против Италија, фудбалерот на Сити се најде во почетниот состав на Белгија и го одигра целиот натпревар.
Сепак, дури и одличниот играч за врска не успеа да му биде од помош на својот тим, кој на крајот беше поразен од „Азурите“ со 2-1.
„Нашата цел беше титулата на Европското првенство. Сепак, Италија заслужено победи. Инсиње даде фантастичен гол, првиот беше наша грешка. Имавме посед, шанси, но топката не не послуша. Секако, елиминацијата е огромно разочарување“, рече Де Брујн.
Одличниот играч за врска го напушти теренот на почетокот на второто полувреме на натпреварот против Португалија поради повреда на скочниот зглоб. Тој ги изненади сите кога се појави во тимот на селекторот Мартинез.
„Благодарение на медицинската служба, која заврши неверојатна работа. Ми дозволија да играм и покрај скинатиот лигамент на зглобот. Тоа беше вистинско чудо. Се обидов да помогнам, но не беше доволно“, заклучи Де Брујн.
🗣 | Kevin De Bruyne:
“I played the five days after Portugal with a torn ankle ligament. It was a miracle that I was ready for the match. I tried to help the team, but it just wasn’t enough.”
[@svenclaes] pic.twitter.com/dgAgjppbd2
— City Chief (@City_Chief) July 2, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА