Проблемите на холандскиот селектор Франк де Бур барем за момент се намалија откако Матијс де Лихт се врати на тренинзите на „лалињата“, на четири дена пред нивниот премиерен дуел на ЕВРО 2020 против Украина.
Асот на Јувентус треба да биде командант на одбраната во ситуација кога Ван Дајк е повреден, но во холандскиот табор оправдано се стравуваше за функционирањето на последната дефанзивна линија откако и Де Лихт се приклучи на листата на повредени играчи. За среќа, проблемот е надминат, па поранешниот капитен на Ајакс го одработе речиси целиот денешен тренинг на „лалињата“.
Селекторот Де Бур и членовите на неговиот стручен штаб се оптимисти дека Де Лихт ќе се рехабилитира навреме за да може да настапи против Украина, но и за наредните пресметки со Австрија и со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА