Дејан и Аљоша Недеви почнаа со онлајн карате тренинзи

Браќата Дејан и Аљоша Недеви започнаа да одржуваат карате тренинзи онлајн за сите каратисти членови на карате клубовите Работнички, Скопје, Браќа Јорга, Фудокан, Фудо, Ипон, Нишијама и Први Партизан. Тренинзите се одвиваат секој ден преку посебна онлајн платформа се со цел каратистите да останат активни, здрави и во форма за време на пандемијата која ја зафати нашата држава и целиот свет.

Од МТКФ порачуваат дека сите домашни и меѓународни карате настани се одложени на неодредено време, а онлајн тренизите ќе се одржуваат редовно секој ден се до завршување на светската здравствена криза.

Се вчитува...