Тимот на ЛА Лејкерс за првпат сезонава загуби два меча во низа, откако „езерџиите“ беа поразени на гостувањето против Детроит со убедливи 107-92. Актуелниот првак настапи без Дејвис, но и во отсуство на доминантниот центар се очекуваше шампионот без многу мака да стигне до триумф. Наместо тоа, „езерџиите“ немаа одговор за обраната на Детроит, не им функционираше ниту нападот, па на крајот претрпеа пораз од 15 поени разлика.
Пресудна беше последната четвртина во која ЛА Лејкерс постигна само 14 поени (25-14), по што поразот беше неизбежен. Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 22 поени и 10 асистенции, додека Блејк Грифин беше најефикасен во таборот на Детроит со 23 поени.
ЛА Клиперс на гостински терен го совлада вицешампионот Мајми со 105-109. Клиперси ја добија третата четвртина со неверојатни 19-40, па иако Мајами опасно се приближи во финишот, гостите од Лос Анџелес на крајот заслужено се радуваа на победата. Успехот е уште поголем ако се знае дека гостинскиот тим повторно настапи без Ленард и Џорџ, а најефикасен во нивниот табор беше Французинот Батум со 18 поени.
Резултати НБА:
Хјустон – Портланд 104-101, Детроит – ЛА Лејкерс 107-92, Мајами – ЛА Клиперс 105-109, Феникс – Голден Стејт 114-93.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА