Џејсон Кид се појави на тренингот на Словенија: „Ќе навивам за вас на Мундобаскетот“

Кошаркарите на Словенија ги почнаа подготовките за престојното Светско првенство во Јапонија, Филипините и Индонезија.

Словенците ќе бидат предводени од најголемата ѕвезда Лука Дончиќ кој се приклучи на вчерашниот втор тренинг. Но, освен него на тренингот имаше уште еден гостин од НБА. Тренерот на Далас, Џејсон Кид дојде да даде поддршка за својот плејмејкер.

Кид се појави на тренингот на Словенците нагласувајќи дека, освен за САД, тие се тимот за кој ќе навива на Мундобаскетот.

А, шампионите на Европа од 2017 година на стартот од подготвителниот период ќе играат со Грција два меча, па потоа со Хрватска, со Шпанија и со САД. Генералката пред СП ќе ја имаат на 19. август со домаќинот Јапонија.

Светското првенство во кошарка почнува на 25. август и ќе трае до 10. септември.

Се вчитува...