Напаѓачот на Челси, Диего Коста, заработи повреда на скочниот зглоб на денешниот тренинг на фудбалската репрезентација на Шпанија. Тој веднаш е пренесен во болница, каде му се извршени детални лекарски прегледи, а утврдено е дека не се работи за скршеница. Неговиот настап на пријателскиот натпревар против Франција во вторник е максимално неизвесен, а не е познато дали ќе може да настапи и за Челси следниот викенд.
„Црвената фурија“ утре патува за Франција, а селекторот Хулен Лопетеги ќе го чека последниот збор на лекарскиот тим оред да донесе одлука дали воопшто да го поведе Диего Коста на ова патување. Во спротивно, тој ќе се врати во Лондон и ќе се обиде да се рехабилитира во клупски услови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА