Дончиќ: Бев себичен, џабе што стигнав до трипл-дабл

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ беше незадоволен од неговата игра против Чикаго, иако натпреварот тој го заврши со трипл-дабл. Маверикс загуби од Булс 117:101. Словенечкиот репрезентативец мечот го заврши со 36 поени (13-30 од игра, 6-11 за три, 4-6 слободни фрлања), 16 скока, 15 асистенции и 2 загубени топки.

Ова беше 29. трипл-дабл за Дончиќ во кариерата и го престигна Мајкл Џордан на 16-тото место на вечната листа.

„Играв очајно во второто полувреме. Бев себичен, бидејќи во првиот дел постигнав 30 поени. Не бев јас. Шутирав дури и кога не требаше. Морам да бидам подобар, да најдам начин да бидам најдобрата серија од себе“, рече Лука.

Далас е на седмото место на табелата во Западната конференција со шест победи и шест порази.

Се вчитува...