Дончиќ без да игра го стигна Мајкл Џордан

Лука Дончиќ успеа да го стигне Мајкл Џордан по бројот на трипл-дабл натпревари, а Словенецот стигна до својот 28. ваков меч дваесетина часа по завршувањето на дуелот со Милвоки.

Официјалната статистика велеше дека Дончиќ има 28 поени, 13 асистенции и девет скокови, но по прегледување на мечот НБА објави дека Словенецот имал и десетти скок, доделувајќи му трипл-дабл. Со тоа, асот на Далас стигна до својот 28. трипл-дабл, исто колку што имаше и Мајкл Џордан во својата 15-годишна кариера (Словенецот успеа да стигне до оваа бројка за две сезони и 11 натпревари).

Следни на листата на играчи со најмногу трипл-дабл натпревари се Бен Симонс и Грент Хил, кои имаат само еден повеќе од Дончиќ, па прашање на време е кога словенечкиот ас ќе успее да ги мине и нив. Апсолутен рекордер во оваа категорија е Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл натпревари, а од активните играчи на оваа ранг-листа пред Дончиќ покрај Симонс се уште и Јокиќ (45), Харден (46), Леброн Џејмс (94) и Расел Вестбрук (150).

Се вчитува...