Донован Мичел го надмина Мајкл Џордан (ВИДЕО)

Вториот натпревар од плеј-офот меѓу Јута и Оклахома ја разреши дилемата – Донован Мичел е најдобриот дебитант во оваа сезона во НБА лигата. Мичел ги предводеше „џезерите“ до брјек победата во Оклахома со 28 поени и со вкупно 55 поени во своите први два плеј-оф меча го надмина рекордот на легендарниот Мајкл Џордан.

До неодамна 21-годишниот кошаркар од Луисвил им се восхитуваше и ги учеше потезите на своите НБА идоли, како Расел Вестбрук и Кевин Дурант, но синоќа тој одржа лекција на паркетот. Мичел ги врати „џезерите“ во игра откако Оклахома направи серија од 19-0 и ја презеде контролата на мечот. Дебитантот во дресот на Јута постигна 28 поени од кои 14 во решавачката последна четвртина и беше најзаслужен за триумфот на својот тим со 102-95.

Интересен е податокот дека настапот на Мичел на овој меч бил неизвесен поради повреда на ногата, но тој потврди дека се разботи за винсериски талент. На 27 поени од пвиот меч, додаде уште 28 на вториот и со вкупно 55 поени во првите два натпревари од плеј-офот стана најуспешен дебитант во историјата на НБА соборувајќи го рекордот на Мајкл Џордан поставен во далечната 1985 година.

Мичел е само втор дебитант во историјата што успеал на првите два натпревари да постигне повеќе од 27 поени. Досега единствен со ваков подвиг е Кариум Абдул Џабар.

Блесокот на 21-годишниот Динован Мичел во плеј-офот доаѓа по сензационалниот учинок во регуларниот дел од сезоната во кој кошаркарот на Јута имаше просек од 20,5 поени, 3,7 скока и 3,7 асистенции.

Се вчитува...