Репрезентациите на Белгија и Велс одиграа фантастичен натпревар за крај на јунскиот квалификациски прозорец за Светското првенство во кој беа постигнати седум голови за конечни 4-3.
Белгиците веќе во 27. минута имаа предност од три гола откако мрежите ги тресеа Лукаку од пенал, Тилеманс и Доку. Велс до полувремето успеа да ја намали негативата на 3-1 преку Вилсон кој реализираше од белата точка, а потоа во второто полувреме да стигне и до изендачување.
Во 51. минута Томас постигна гол за 3-2, а Џонсон во 70. минута изедначи на 3-3. Во 81. минута судијата го поништи голот на Лукаку, но само седум минути подоцна Де Брујне ги постави конечните 4-3.
Со овој пораз на Велс, Македонија останува на првата позиција на табелата во групата „Ј“.
Хрватска забележа презначајна победа славејќи со 5-1 против Чешка во натпревар во кој за „коцкестите“ мрежата ја тресеа дава пати Крамариќ и по еднаш Модриќ, Перишиќ и Будумир. Утешителниот гол на Чесите го постигна Соучек.
⚡️ What a night in Osijek – congratulations! 🎆 #CROCZE #WCQ | #PokažiSrce | #Family | #Vatreni❤️🔥 pic.twitter.com/F92Ehsydr4
— HNS (@HNS_CFF) June 9, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА