Драма во Подгорица, историја за Црна Гора

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора обезбеди прво, историско учество на Светско првенство. Црногорците одат на Мундијалот во  Кина кој ќе се одржува годинава како последна европска репрезентација која обезбеди пласман откако во последното коло загубија од Летонија, но со 80-74 што им е доволно за место меѓу најдобрите во светот.

Црна Гора првиот меч со Летонија го доби со 84-75, па затоа им можеше да си дозволи пораз од девет поени во решавачкиот директен дуел за пласман на Светското првенство.

Црна Гора досега има три учества на Европски првенства и првапат во нејзината историја ќе биде дел од кошаркарски мундијал и е најмалата земја воопшто што обезбедила учество на планетарниот собир.

Покрај Црна Гора место на Светското првнество обезбедија и Србија, Русија Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Литванија, Полска, Шпанија и на Турција.

Се вчитува...