Две награди за „Кривогаштани промет“

Kомпанијата „Кривогаштани промет“ e добитник на две награди, со кои само се потврди квалитетот на производите, кој е и основната вредност на компанијата.

Едната награда се однесува на признанието „Македонски квалитет 2019“, каде токму„Кривогаштани промет“ како единствена компанија од прехранбениот сектор беше наградена. Престижното признание за афирмација на македонскиот квалитет во земјата и интернационално, го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Горан Цуцулески и Симе Станчески, менаџери на компанијата „Кривогаштани промет“ ја добија втората награда “Претприемач на годината 2019“  во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ). Ко-организатор беше Националниот центар за развој на иновации  и претприемачко учење, а институционален покровител – Министерството за економија на Република Северна Македонија.

„Кривогаштани промет“ ги пласира своите производи под брендот Gurmano, кои се продаваат во Македонија и се извезуваат во 23 земји во светот.

Gurmano нуди ајвар, пинџур, лутеница, малиџано, закуска (сите во блага и лута варијанта), печена пиперка, печена сомборка, феферони, пиперчиња со сирење и други производи правени по оригинален македонски рецепт и со суровини главно добиени од Пелагонискиот регион.

А следната година, „Кривогаштани промет“ ќе ја слави 30 годишнината од своето постоење.

Комерцијален текст

Се вчитува...