Нова сезона, нови предизвици и нови лични амбиции. Во пресрет на стартот на МТЕЛ Суперлигата, во серијалот „3х3 прашања“ ги ставаме во фокус играчите од десетте екипи кои ќе се борат за бодовите, победите и што подобар пласман.
Како се подготвени за новата сезона, што очекуваат од себе и кои се нивните лични цели? Одговорите на трите прашања ги откриваат нивните очекувања, мотиви и погледи кон сезоната која следува.
Во пресрет на првиот натпревар – три прашања, три одговори и лична порака од играчите на МТЕЛ Суперлигата.
1. Кои се амбициите на вашиот тим во новата сезона?
2. Кое ќе биде најголемото оружје на вашата екипа?
3. Што очекувате од новата МТЕЛ Супер лига?
ВИКТОР ЕФРЕМОВСКИ (КАПИТЕН НА РАБОТНИЧКИ)
1. „Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме стабилна и квалитетна сезона, да бидеме конкурентни на секој натпревар и да се бориме за што подобар пласман. Најважно е да напредуваме како тим и да го дадеме максимумот на секој натпревар“.
2. „Мислам дека најголемото оружје ќе биде тимската игра. Имаме добра атмосфера, квалитетни играчи и верувам дека со дисциплина, борбеност и максимална посветеност можеме да бидеме сериозен противник за секоја екипа“.
3. „Очекувам интересна и неизвесна сезона со многу возбудливи натпревари. Секој меч ќе биде нов предизвик и мислам дека конкуренцијата ќе биде голема. Се надевам на фер-плеј, полни трибини и добра атмосфера, а ние ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
