„Ел Класико“ за паметење – Барса го освои „Копа дел реј“ среде Мадрид

Барселона во суперинтересно финале успеа да се закити со трофејот во Копа дел реј, освојувајќи го кралскиот куп среде Мадрид со триумф над големиот ривал Реал од минимални 93-94.

Натпреварот беше супер-драматичен, Барса во последната четвртина се врати од четиринаесет поени негатива, ја имаше победата на дланка, но Љуљ со поени со звукот на сирената го одведе мечот во продолжение. Каталонците имаа „плус пет“ на половина минута до крајот, кога судиите ја направија драматична завршницата. При резултат 90-92 за Барса, Синглтон тргна сам на контранапад, беше турнат, па удрен со рака во главата од страна на Рендолф, но арбитрите останаа неми, па на спротивната страна потоа досудија лична грешка при поените на Керол.

Реал го сврте резултатот за водство од 93-92, за потоа Томиќ да ја преземе одговорноста во последните четири секунди. Хрватот биеше непрецизно, но крајно паметно, топката ја удри таблата пред да биде блокиран, па судиите по долги консултации ги признаа поените, за конечни 93-94. „Кралевите“ имаа последна шанса за една секунда да направат чудо, Љуљ испрати извонреден удар од својата половина, но топката удри во табла, обрач, но се одби во поле, за каталонско славје во Мадрид.

 

 

Се вчитува...