Европското првенство се враќа во етерот денеска со два четвртфинални натпревари, а првиот од нив ќе биде одигран од 18 часот во Санкт Петерсбург каде Швајцарија ќе ја пречека селекцијата на Шпанија. Шпанците одиграат шокантен натпревар против Хрватска во кој испуштија два гола предност во последните десет минути од мечот, но сепак беа сигурни во продолжението од средбата.
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике во пресрет на денешниот меч го анализираше противникот за кој вели дека е добро организиран и секогаш незгоден за надмудрување.
„Ќе биде многу тежок натпревар. Како група тие се многу тежок противник кој знае кога да напаѓа и кога да се брани. Очекувам слична тактика каква што селекторот Петковиќ користеше против нас во Лигата на Нации. Како тим тие не се „коцкаат“ во играта, туку знаат точно што прават во секој момент. Напаѓаат и се бранат одлично. Ќе биде многу интересен натпревар“, вели селекторот Луис Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА