Берат Јакупи не успеа да е закити со златниот медал на ЕП во карате што се одржува во Кочаели, Турција. Македонскиот репрезентативец во голем стил стигна до финалето, но таму немаше сили за триумф против домашниот каратист Акташ Угур. Борбата заврши со конечни 0-0, а европскиот шампион беше решен со судиско изјаснување, при што арбитрите му ја доделија победата на турскиот каратист.
На одличниот настап на македонските репрезентативци на овој шампионат се надоврза и Јована Георгиева, која стигна до бронзениот медал во категоријата до 55 килограми. Во малото финале Георгиева се бореше со Французинката Емили Туј, дуелот заврши со конечни 1-1, но Македонката се закити со бронзата бидејќи го освои првиот поен во оваа пресметка.
Попладнево настапува и Сара Радичевска во борбата за бронзениот медал во категоријата до 50 килограми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА