Феноменалниот Јокиќ недоволен за Денвер, одлична партија на Богдановиќ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра фантастичен натпревар против Јута, но тоа за неговиот тим не беше доволно за победа во синоќешниот НБА натпревар.

Јута на гости славеше против Денвер, со 105-109, а победникот беше одлучен во последните миути. Јокиќ на крајот заврши со 35 поени, 14 скока, а го делеше само една асистенција од „трипл-дабл“ ефект.

Гостите до победа ги водеа Кларксон со 23 поени, Гоберт со 15 поени и 13 скока, а одличен беше и Богдановиќ со 17 поени.

Де’Арон Фокс беше одличен во дресот на Сакраменто против Њу Орлеанс, но тоа не помогна за неговиот тим. Кинг загубија од Пеликанс со 123-128. Фокс мечот го заврши со 43 поени и 13 скока. Гостите ги предводеше Вилијамсон со 31 поен.

ЛА Клиперс без проблеми славеа против Индијана со 129-96. Морис и Џорџ постигнаа по 20 поени, за гостите се истакна Мекдермот со 23 поени.

Се вчитува...