Фердинанд збесна: Ги славевте пред неколку дена, а сега ги навредувате – Вие сте кукавички фанови?!

Одвратно е што некој мора да претрпи ваква омраза и замислете дека истите тие идиоти ја прославија брилијантната игра на Стерлинг или Сака пред неколку дена. Но, штом изгубиме, црните играчи стануваат цел на расистички напади и омраза, вели Рио Фердинанд.

После трагичниот пораз во финалето на ЕП, многу Англичани расистички ги навредуваа тројцата фудбалери со темна кожа кои промашија пенали. Тоа се Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд и Букај Сака кој го промаши последниот пенал.

Набргу потоа, полицијата започна истрага, Англискиот фудбалски сојуз остро ги осуди ваквите напади, клубовите застанаа во поддршка на своите играчи, но еден од коментарите што беше најистакнат беше оној на легендарниот фудбалер Рио Фердинанд.

„Загубивме од најдобриот тим во натпреварувањето, кој нема пораз 34 натпревари, скоро три години. Атмосферата на стадионот беше најдобрата што сум ја видел на Вембли. Каков почеток на играта беше, сите беа обединети во поддршката на нашите момци. До тогаш, тимот играше одлично, играчите беа идолизирани за своите достигнувања, и со право. Неверојатно е како се смени односот кон играчите за само 120 минути … Веднаш по натпреварот, социјалните мрежи станаа токсичен рај за расистите, за кукавичките стаорци кои почнаа да ги искажуваат своите одвратни чувства. Одвратно е што некој мора да претрпи ваква омраза и замислете дека истите тие идиоти ја прославија брилијантната игра на Стерлинг или Сакеа пред неколку дена. Но, штом изгубиме и веднаш радоста исчезна, па нашите црни играчи стануваат мета на расистички напади. Упатувам повик до сите компании кои управуваат со социјални мрежи, дали можеме да најдеме начин да ги заштитиме луѓето на сите платформи? – Изјави Рио“.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Ferdinand (@rioferdy5)

 

Се вчитува...