Британскиот боксер Тајсон Фјури соопшти дека на почетокот од јули ќе се врати во рингот и дека ќе има две или три подготвителни борби пред мечот со Ентони Џошуа.
Џошуа минатата сабота пред 90.000 на лондонски Вембли ги обедини титулите во тешка категорија во верзиите ИБФ, ВБА и ИБО, откако со нокаут во 11-та рунда го победи Украинецот Владимир Кличко. После таа борба Џошуа веднаш го повика Фјури на меч со него, а Фјури прифати.
Фјури нема боксувано од ноември 2015 година кога со едногласна одлука на судиите го победи Кличко. Потоа му беше одземена дозволата откако призна дека конзумирал кокаин, но следната недела Одборот за контрола на британскиот бикс би можел да му ја врати лиценцата.
Минатата недела Фјури истакна дека нема да му биде потребен подготвителен меч пред дуелот со Џошуа „кого би можел да го победи со една рака врзана на грбот“.
„Ќе се вратам на рингот на 8. јули, сепак до две или три повратнички борби додека го чекам Џошуа. Повторно може да бидам најдобриот Тајсон Фјури, Го чувствувам тоа. Јас знам дека сум најдобар, само не можев досега многу да се оптоварувам со борби. Но, сега во игра се 30 милиони. Сега се враќам“ – вели Фјури, кој притоа му честиташе на Џошуа за победата над Клично, иако нагласувајќи дека не е многу импресиониран.
„Мојата победа против Кличко беше многу подобра, подобар бокс. Тој ниту еднаш не ме удри, а на Џошуа го удри милион пати и за малку ќе го нокаутираше. Се надевам дека промотерот Еди Херн го штити Џошуа, затоа што првиот пристоен боксер кој нема 41 година со сигурност лесно ќе го победи. Дионтеј Вајлдер, Џозеф Паркер…, некој од нив сигурно ќе го победи. Џошуа не е толку добар боксер“ – вели Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА