Репрезентацијата на Шведска стигна до првите три бода на Европското првенство откако со голот на Емил Форсберг од белата точка славеше со 1-0 против Словачка. Словаците беа подобар противник во поголемиот дел од натпреварот, но не успеаја да ја затресат мрежата, а тоа го искористија Швеѓаните.
Со оваа победа Шведска се искачи на првата позиција во групата „Е“ со четири бода, еден повеќе од второпласираната Словачка. Утре ќе биде одигран и дуелот помеѓу Шпанија и Полска со што ќе биде комплетирано второто коло во оваа група.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА